Ужас во Хановер: Човек претепан до смрт, за убиството осомничено 13-годишно девојче

од Aleksandar Petrovski

Еден маж (48) бил претепан до смрт во Хановер, а за неговото убиство е осомничено и 13-годишно девојче.

Жртвата беше убиена минатата среда, додека минуваше низ центарот на Хановер со еден свој пријател. Се верува дека парот налетал на девојче кое било придружено од двајца млади момчиња на возраст од 19 и 24 години и дека по кратка расправија тие тројца ги нападнале.

Мажот се здобил со тешки повреди на главата од кои набргу починал, додека жената поминала со тешки телесни повреди.

Истата вечер полицијата уапси еден млад човек (19), кој сам дојде да го признае злосторството, додека девојчето и постариот млад човек ги уапси два дена подоцна во станот на осомничениот.

На момчињата им беше одреден притвор, додека девојчето е пуштено да се брани од слобода заради годините. Таа е обвинета за учество во убиството, но сè уште не е јасно како учествувала во тепачката и дали таа самата му нанела повреди на човекот што на крајот го чинеше живот.

Слични содржини