Ужас во Париз: Девојче (3) пронајдено во машина за перење, немало начин да се спаси

од Radmila Tasevska

Властите во Париз ја истражуваат смртта на тригодишното девојче кое било пронајдено во машина за перење во станот на нејзиното семејство, соопштија обвинителите.

„Во петокот беше отворена истрага за причините за смртта, откако во четвртокот вечерта беше откриено детето во североисточниот дел на Париз“, соопштија од париското обвинителство.

Истрагата ја води специјална единица за заштита на малолетници, јавува Анадолија.

Обвинителството не соопшти повеќе детали и не го потврди известувањето на дневниот весник „Ле Паризиен“ дека таткото на девојчето и уште еден член на семејството го пронашле девојчето живо во машината за перење и дека таа починала во итната помош еден час подоцна, пренесува N1 БиХ.

Слични содржини