Ужасен пропуст: 1.694 пациенти по грешка ослободени од психијатриски болници, сега брзаат за да ги вратат

од Nikola Popovski

Властите во Велс по грешка отпуштиле над 1.600 пациенти од психијатриски болници како поради епидемијата на коронавирусот, а сега се обидуваат да ги вратат назад.

Грешка што не требаше да се случи. Така, Комитетот за здравство во Велс ја карактеризираше одлуката на менталните болници да ослободи 1.694 пациенти среде пандемијата на коронавирусот, кои, всушност, не се за отпуштање.

Сега болниците прават се за да ги вратат ментално болните пациенти на клиниките, додека надлежните им се извинуваат на граѓаните.

Дополнителен проблем се појавил кога се дознало дека точниот број на отпуштени пациенти не е познат.

„На крајот, дојдовме до бројката од 1.694 предвреме ослободени пациенти од установите. На сите тие лица сè уште им е потребна помош“, соопштиле здравствените власти.

Слични содржини