Ужасно сведоштво на Италијанка, на која коронавирусот и одзеде се: „Од балкон гледав како ги закопуваат моите браќа, семејството веќе ми го нема“

од Nikola Popovski

Паола имала четворица браќа, но за жал сите починале како последици на инфекција од коронавирусот.

Франческо (68), потоа близнаците Виторе и Џузепе (66) и Луиџи (58). Таа е единствениот преживеан од нејзиното семејство.

Потоа, се заразил и нејзиниот сопруг , но тој имал среќа, па не е во животна опасност.

„Од балконот ја гледав погребната поворка на моите четворица браќа, сите жртви на коронавирусот. Не ми беше дозволено да присуствувам заради карантинот и заразата. Позади ковчезите стоеа само свештеникот кој ги благословуваше и човек од погребалниот дом, од местото Триголо, општина Кремона“, изјавила таа и додава:

„Секојдневно барав тест за да видам дали сум заразена, но тоа се случи после многу денови, откако целото семејството ми почина. Еден ден телефонот заѕвони. Тоа беше повик од брзата помош, кои сакаа да ми постават неколку прашања. Почнаа да ги подготвуваат епидемиолошките анализи и пред да кажат уште еден збор, им одговорив дека моето семејство, веќе го нема, сите заминаа. Дали е тоа доволно за вас да ми дадете да се тестирам?, изјави Паола во интервју за локалниот весник.

Слични содржини