Ужасно злосторство во Италија: Ја задавил девојка му затоа што мислел дека го заразила со коронавирус (ВИДЕО)

од Aleksandar Petrovski

Ужасен случај на убиство ја потресе Италија, европската земја која е најтешко погодена од епидемијата на коронавирусот. Докторката Лорена Куаранта (27) била пронајдена задавена, а во полиција пријавил нејзиното момче Антонио Де Паце, кој наводно повикал полиција и рекол: „Ја убив затоа што ме зарази со коронавирус“.

Кога полицијата пристигнала во нивниот стан ја нашле девојката мртва, а Де Паце седел на подот со пресечени вени на рацете.

Обвинителството открива дека медицинскиот техничар Де Паце и Лорена биле негативни за коронавирусот според прелиминарните тестови, нарекувајќи ги неговите тврдења невистинити, пренесува италијанската новинска агенција Аднкронос.
Куаранта и Де Паце работеле заедно во болницата во Месина, Сицилија, каде заедно со останатите колеги воделе секојдневна битка со епидемијата на вирусот корона.

Де Паце веднаш бил однесен во болница, каде неговите колеги му го спасиле животот. Неколку дена пред смртта Куаранта на Фејсбук напишала за предизвиците со кои се соочува како медицинска работничка во Италија.

– Сега повеќе од кога било, мора да покажеме одговорност и желба за живот. Мора да покажете почит кон себе, за вашето семејство и за земјата – напишала несреќната девојка.
Де Паце неодамна на Фејсбук и оддал почит на својата девојка, пишувајќи дека е горд на неа и и честитал на дипломата за докторка која ја добила.

– Продолжи да ги следиш своите соништа, секогаш живеј го животот каков си го замислувала. Браво. Честитки на брилијантната диплома – напишал пред само десетина дена Антонио.

Во Италија, сè повеќе им е тешко на луѓето да ги толерираат социјални ограничувања, пренесува „Јутарњи лист“.

Слични содржини