Поранешниот претседател на Чешката Република Вацлав Клаус е песимист: тој не гледа излез од кризата во Украина, бидејќи украинските политичари сакаат да ги решаваат сите со сила, и  тоа странска.

Czech President Vaclav Klaus visit in Sofia, Bulgaria

САД заедно со некои европски политичари го почнаа украинскиот конфликт, вели тој во интервју за “Тиролер Тагесцајтунг”. А Русија едноставно беше принудена да реагира на настанатата ситуација, додава Клаус во интервју за австрискиот весник.

Јас припаѓам на малцинството политичари, новинари и интелектуалци кои сметаат дека притисокот дојде од Запад. Од оваа гледна точка Русија не е виновна. Она што го направи Русија, според мене, е реакција, наметната од развојот. Западот, истакнува тој, сака да ја разбие Русија и да ја фрли децении назад.

Според мислењето на поранешниот чешки претседател САД сго  предизвикаа конфликт во Украина преку организирање на Мајда. Клаус вели уште дека студената војна е веќе во тек и нејзината цена е премногу висока.

Клаус ги критикува украинските политичари дека тие според него не започнале никакви суштински преговори, а се стремат сето тоа да го решат со сила, при тоа не нивната сопствена земја, туку со  странска сила.

Клаус забележува дека Украина отсекогаш била “кревка и поделена земја” и тој не може да ја замисли дека Украина во нејзиниот почетен вид  како би можела да постои “по илјадниците жртви и разурнувања од  сите”.

Слични содржини