Вајлдер: Би го нокаутирал Тајсон од 1986 година; Тајсон: Навивам за Фјури

од Nikola Popovski

Вајлдер даде храбра изјава пред борбата со Тајсон Фјури.

Вајлдер ќе го брани појасот на ВБЦ во супер-тешка категорија во недела наутро (околу 5 часот по наше време) против Британецот Тајсон Фјури.

„Бронзениот бомбардер“ смета дека може да парира на кој било шампион во тешка категорија пред него, дури и Мајк Тајсон во неговата најдобра форма.

„Јас против Тајсон од 1986 година, би го нокаутирал тој лик“, рече Вајлдер, „Да бидеме реални. Знам дека луѓето секогаш зборуваат за„ старата школа “и за„ новата школа “, но нема„школа“, во која јас не би бил број 1 на планетава“.

Легендата во тешка категорија, по која е именуван и британскиот боксер, се насмеа на изјавата на Вилдер и ја поздравува неговата самодоверба.

„Не знам дали би го победил. Ми се допаѓа што мисли така, затоа што и јас би размислувал слично“, рече Тајсон.

Сепак, „Челичниот Мајк“ во оваа борба ќе навива за Британецот.

„Јас секогаш навивам за него затоа што тој го носи моето име“, вели Американецот.

Борбата на Вајлдер и Фјури во Лас Вегас ќе биде нивна втора средба. Првиот, по контроверзната одлука, заврши нерешено.

Фјури смета дека му е „украдена“ победата и генерално се смета дека бил подобар во текот на поголемиот дел од борбата, но Вајлдер го испрати на подот во 12-тата рунда, што ги натера судиите да прогласат реми.

Вајлдер во пресрет на новата борба објави дека ќе го заврши мечот во 12-тата рунда.

Слични содржини