Вајлдер го отпушта тренерот, кој фрли пешкир против Фјури

од Vladimir Zorba

Поранешниот шампион во ВБЦ, Дионтеј Вајлдер размислува да го отпушти неговиот помошник тренер Марк Бреланд, кој фрли бел пешкир во седмата рунда од борбата со Тајсон Фјури.

„Претпочитам да умрам во рингот отколку да фрлат пешкир. Јас сум воин. Многу пати им реков дека ако некој го фрли, тоа ќе има последици. Ако реков дека ќе се обидам да убијам некого, го очекувам истото од другата страна – тој исто така ќе мора да ме убие“, рече Вајлдер.

„Бронзениот бомбардер“ ќе ја активира клаузулата во договорот со Тајсон Фјури за реваншот. Неговата желба е натпреварот да се одржи во текот на летото.

Вајлдер, исто така, објасни зошто изгледал во лоша кондиција на рингот. Тој ова му го припишува на црниот костум од 20 килограми, со кој излезе на рингот во чест на „Месецот на црната историја“.

„Не мислев дека костумот ќе биде толку тежок, затоа што го носев само еднаш. Тежев околу 20 килограми со шлем и сè. Сакав да му оддадам почит на „Месецот на црната историја“. Сакав да изгледам добро“, рече 34-годишниот боксер.

Слични содржини