Вајнштајн вети дека нема да ги спомнува имињата на холивудските ѕвезди на суд

од Vladimir Zorba

Американскиот продуцент Харви Вајнштајн ги поднесе своите извинувања до актерките Мерил Стрип и Џенифер Лоренс за тоа дека без нивна согласност ги користел нивните зборови, за да ја докаже во судот неодржливоста на обвиненијата против него за сексуални напади, пишува весникот „Холивуд репортер“,

„Вајнштајн го признава придонесот на Мерил Стрип и Џенифер Лоренс и им се извинува. Тој препорачал на своите правни советници да не споменуваат конкретни лица со кои работел во минатото, дури и ако до нивните искази има отворен пристап“, изјавија претставници на продуцентот.

Во средата адвокатите на Харви Вајнштајн предложија на федералниот суд во Њујорк да го отфрлат групното дело од страна на шест жени кои го обвинуваат продуцентот за сексуален напад. Одбраната се повикува на фактот што две познати актерки рекоа дека немаат претензии кон Винштајн.

Лоренс изјави дека продуцентот секогаш се држел учтиво со неа, а Стрип пак призна дека нејзините односи со него биле многу професионални и изградени на меѓусебното почитување. Во четвртокот и двете актерки повикаа нивните зборови да не бидат цитирани надвор од контекст со цел Вајнштајн да ја избегне заслужената казна.

Слични содржини