Вајнштајн во затвор каде е сместен убиецот на позната музичка ѕвезда

од Elena Daskalova

Некогаш најмоќното име во Холивуд, Харви Вајнштајн, денеска отслужува казна во затворот Wende Correctional Facility, каде бил префрлен вчера.

Денес холивудскиот предатор полни 68 години и е во затворот каде казна отслужува Марк Дејвид Чепмен, убиецот на Џон Ленон кој беше осуден на доживотен затвор во 1991 година.

Во овој затвор има околу 950 затвореници. Наскоро Вајнштајн треба да биде подложен на психијатриско вештачење, а потоа да се одлучи во кој затвор ќе ја издржува казната.

Вајнштајн беше осуден на 11 март 2020 година на 23 години затвор, поради сексуални злоставувања врз актерки и поранешни соработнички. Кратко по изнесувањето на пресудата, тој доживеал благ срцев удар.

Меѓу актерките кои беа најгласни во обвинувањата се и Анџелина Џоли, Кара Делавињ, Гвинет Палтроу, Салма Хајек, Кејт Бекинсејл, Роуз Мекгоун, Кејт Бланшет, Ума Турман и многу други.

Слични содржини