Том Круз пристигна од Австралија во Њујорк за да го промовира својот нов филм од серијалот „Невозможна мисија“. Познатиот актер е виден на улиците на Њујорк во друштво на неговиот посвоен син Конор и неговата постара сестра Ли Ен Мапотер.
Тој ги посвоил синот Конор и ќерката Изабела со поранешната сопруга Никол Кидман и бидејќи се разделија, не се знае кој всушност се грижел за нив. Конор има 28, а Изабела 30 години и ретко се гледаат во јавноста.
Да потсетиме, Никол и Том беа во брак 11 години и тоа е воедно најдолгиот од неговите три брака (пред Никол беше со актерката Мими Роџерс, а по Никол со Кејти Холмс). Со оглед на тоа дека тие беа еден од најпознатите парови во Холивуд, нивниот развод изненади многумина.
Тие самите не зборуваат за разводот, но долго време се шпекулираше дека разводот дошол затоа што Никол не можела повеќе да го издржи зголемениот притисок на Скиентолошката црква, на која и припаѓал Том, и водела битка за своето ментално здравје.
Круз ги вклучи нивните деца во озлогласен култ и тие се преселиле кај него. Тој успеа да ги сврти и против Кидман, што таа не можеше да го промени, иако се обидуваше со години.
Колку целата ситуација стана сериозна говори и фактот што Изабела не разговарала со Никол цели 20 години.