Вакцина најдоцна следната година, вели германскиот министер за здравство

од Vladimir Zorba

Германскиот министер за здравство Јенс Шпан очекува дека вакцината против коронавирус може да биде во употреба, можеби уште во „наредните месеци“.

„Вакцината ќе ја добиеме побрзо од кога било во човечката историја затоа што сите дејствуваме и работиме заедно со иста цел“, рече Шпан утрово во интервјуто за јавниот сервис „ЗДФ“.

Тој додаде дека смета на вакцината во наредниот период, пренесува Хина.

„Имаме многу индикатори за успешни испитувања и тестови, и затоа сум оптимист и верувам дека ќе имаме достапна вакцина во наредните месеци и не сакам да зборувам за одреден месец, но секако следната година“, рече Спан.

Тој рече дека проблемот со веста дека Русија има вакцина е тоа што нема доволно достапни податоци за тестирање.

Министерката за наука Ања Карличек изјави пред неколку дена дека е „малку веројатно“ вакцината да биде широко користена пред средината на следната година.

Слични содржини