Вакцина против коронавирус од лисја од тутун: Производителот на цигарите „Камел“ и „Лаки Страјк“ тестира нов производ

од Nikola Popovski

Производителот на цигарите „Камел“, „Лаки Страјк“ и „Пал Мал“ тестираше нов производ – вакцина против коронавирус. „British American Tobacco“ (БАТ) објави дека нејзиното биотехнолошко одделение (Кентаки Био Процесинг-КБП)  во Кентаки работи на развивање на потенцијална вакцина против коронавирус со употреба на протеини извлечени од лисјата тутун.

Развојот на вакцината обично трае со години, но научниците и владините претставници се надеваат дека можат да го забрзаат процесот за да спречи ширењето на вирусот. Нејзиното тестирање е во тек, а доколку резултатите се добри, компанијата верува дека може да произведе меѓу еден и три милиони вакцини неделно, почнувајќи од јуни, со помош на партнерски компании и владини агенции. Се напоменува дека целиот проект за развојот на вакцини ќе биде од непрофитабилен карактер, пренесува Си-Ен-Ен.

„Развојот на вакцините е предизвикувачки и комплексен бизнис, но веруваме дека направивме значаен напредок со нашата платформа за технологија на тутун“, рече Дејвид О’Рајли, директор на тимот за истражување на БАТ.

За производство на новата вакцина, КБП користела клониран дел од генот Ковид-19 за да создаде антиген кој потоа се вметнува во растението тутун. Кога растението се бере, антигените се извлечени, прочистени и се инјектираат во телото, кое потоа се бори против вирусот. За разлика од традиционалните вакцини, кои честопати бараат ладење, формулата развиена од БАТ останува стабилна на собна температура, пренесува „Њујорк Тајмс“.

Во 2014 година, компанијата БАТ го презеде КБП, за да ги искористи своите уникатни технологии за вадење тутун и така да развие нова категорија производи кои, за разлика од цигарите, се лишени од согорување на тутун. КБП беше една од ретките компании што успеа да развие ефикасен третман со ебола таа година.

„Ние сме во постојан контакт со Управата за храна и лекови на САД и ги очекуваме следните чекори. Исто така, контактиравме со Министерството за здравство и човечки услуги во Велика Британија, како и со американското регулаторното тело, БАРДА. Ние сакаме да дадеме поддршка и да обезбедиме пристап до нашето истражување, за да се забрза развојот на вакцината „Ковид-19“, бидејќи тоа е предизвикувачки и комплексен процес “, изјави О’Рајли.

Слични содржини