Вакцината ќе ни даде контрола над вирусот, велат од СЗО

од Vladimir Zorba

Еден од главните експерти на Светската здравствена организација (СЗО), Мајк Рајан, денес изјави дека почетокот на употребата на вакцината против корона треба да му даде на светот „значителна контрола над вирусот следната година“.

„Животот на кој сме навикнати пред пандемијата – мислам дека е многу, многу можен повторно, но мора да продолжиме да одржуваме хигиена, физичка дистанца. Вакцините не значат дека нема да имаме случаи на корона. Сепак, ставањето на вакцината во игра ќе ја сруши кривата, ќе стави крај на ограничувачките мерки и ќе ни даде контрола над болеста“, рече Рајан, пренесе Ројтерс.

Тој додаде дека е потребна свесност дека „треба да ги намалиме шансите короната да продолжи да се шири“.

„Јас советувам голема претпазливост за време на новогодишните празници. Во Ирска, од каде што сум, во кујната има 15 луѓе кои лупат компири и заедно подготвуваат оброци за Божиќ. Не смееме да го сториме тоа сега “, додаде Рајан.

Слични содржини