Вакцината за Ковид-19 по пролетта 2021 година: „Нема да преземеме ризични кратенки“

од Nikola Popovski

Германија денес им додели 627 милиони евра на биотехнолошките компании „BioNTech“ и „CureVac“ за да го забрзаат развојот на вакцината за коронавирус.

Министерката за образование и истражување, Ања Карличек предупредила дека безбедноста треба да остане главен приоритет за пошироката популација да ја прифати вакцината. „Дури и додека светот чека на вакцината, ние нема да преземеме ризични кратенки“, рече таа на конференција во Берлин.

Многумина се загрижени дека може да има намалување на стандардите за безбедност и ефикасност, во трката за развој на вакцина против Ковид-19, која досега зарази повеќе од 29 милиони луѓе и однесе над 926 000 животи, пренесува Индекс.

Вакцината најверојатно ќе биде достапна по пролетта 2021 година.

Компаниите за вакцини допрва треба да спроведуваат тестови на голем број луѓе, но Русија минатиот месец ја одобри вакцината за коронавирус, поради што некои западни експерти ја критикуваа Русија за ригорозно тестирање на вакцината.

Карличек рече дека не очекува вакцината да биде достапна за општата популација до средината на 2021 година.

Министерството одвоило 375 милиони евра на „BioNTech“ и 252 милиони евра на „CureVac“, но компаниите мора да исполнат одредени критериуми.

Министерството објави дека сè уште разговара за доделување средства на компанијата ИДТ Биологика, која произведува вакцини за други фармацевтски компании и работи на т.н. векторска вакцина.

Германија ќе обезбеди повеќе дози отколку што има жители

Јенс Спан, германскиот министер за здравство, соопштил дека е важно да се имаат вакцини од неколку производители и дека Германија ќе обезбеди однапред повеќе дози отколку што има број на население.

Берлин веќе обезбедил 54 милиони дози од потенцијалната вакцина „AstraZenece“, како дел од договорот на компанијата со ЕУ, според кој Унијата обезбеди 450 милиони дози.

Спан вели дека владата оваа недела ќе одлучи дали ќе даде средства за COVAX, глобален план за распределба на вакцините на СЗО.

Слични содржини