Вакцинација и ревакцинација во Белград: Најбројни се Македонците

од Nikola Popovski

Странските граѓани кои ја примија првата доза на вакцина во Србија на крајот на март, доаѓаат да ја примат втората доза викендов, а вакцинацијата со првата започнала во салите 3 и 11 на белградскиот саем денес во 8:00 часот и ќе трае до 5 попладне, објавија српските медиуми.

Продолженото работно време ќе биде само за време на викендот.

Според РТС, има големи редици, а граѓаните кои дошле да ја примат вакцината против Ковид-19 велат дека тие се претежно од БиХ, Северна Македонија, Украина.

Директорот на пунктот за вакцинација на белградскиот саем, Зоран Бекиќ, за РТС изјавил дека на крајот на март повеќе од 22 000 странски државјани биле вакцинирани во Србија, а повеќе од 12 000 на Саемот вво тоа време.

Од тогаш поминаа 12 недели и дојде време за ревакцинација и поради тоа, како што рече, 8.000 странски државјани денес ќе ја добијат втората доза на вакцината на Саемот, а 5.000 утре.

„Во исто време, во тек е вакцинација со првите дози на Саемот, исклучиво за граѓаните на Србија, С. Македонија и БиХ“, изјави Бекиќ.

„Очекуваме испорака на Спутник V во блиска иднина. Потребен беше било каков личен документ каде што има број од лицето“, напомена Бекиќ и додаде дека последните денови странските граѓани од БиХ и С. Македонија се претежно вакцинирани на Саемот, а младите во трговски центри.

До петок, повеќе од 44 проценти од нашите граѓани во Србија ја примиле првата доза на вакцината, а 40 проценти ја примиле втората доза.

Слични содржини