Вакцинацијата може да го запре КОВИД-19 за две години

од Vladimir Zorba

Пандемиите што предизвикуваат респираторни инфекции обично траат до три години, но масовната вакцинација може да помогне да се запре КОВИД-19 до крајот на втората година. Ова го изјави директорот на филијалата во Екатеринбург на Државниот истражувачки центар за вирусологија и биотехнологија – Александар Семенов.

„Пандемиите кои предизвикуваат респираторни инфекции обично траат до три години, но мора да имаме во предвид дека сегашната пандемија го тероризира целиот свет веќе година и пол. За три сезони, имунитетот на стадо обично се формира низ целиот свет, и тоа е доволно. Но, ако го имаме, тогаш можеби ќе ја запреме пандемијата до крајот на втората година“, објасни Семенов.

Според последните податоци на Универзитетот „Џонс Хопкинс“, бројот на случаи со коронавирус потврден ширум светот од почетокот на пандемијата е над 190 милиони, а бројот на смртни случаи од инфекцијата над 4 милиони. Дадени се над 3,6 милијарди дози вакцини ширум светот.

Слични содржини