Вакцини ќе има за 60 до 70 проценти од населението, тврди Костадинов

од Nikola Popovski

„Според државниот секретар на српското Министерство за здравство, во нивната земја се вакцинираат граѓани со постојано живеалиште и тоа е според официјалните изјави“, соопшти пратеникот Костадин Костадинов за емисијата „Само вистина“, на прашањето дали македонските граѓани одат во Србија за да се вакцинираат со некоја од понудените вакцини против коронавирус.

Според него, целиот свет работи на принципот на кооперација, а не на принципот на натпревар.

„Нашата земја е многу помала и сериозен предизвик е да се набават вакцини, но ве уверувам дека правиме се што е можно, за да дојдат што побрзо. Здравствените власти се борат да обезбедат и вакцини ќе има за 60 до 70 проценти од населението“, истакна пратеникот од владеачката СДСМ, додавајќи дека ќе ги имаме првите вакцини на Фајзер, потоа оние 200 000 од Кина, а потоа и вакцините преку Ковакс системот.

Слични содржини