„Вакцинирајте се“: Бектеши и Димоска најавуваат засилени контроли од понеделник

од Берта Китинска

Министерот за економија Крешник Бектеши и директорката на Државен пазарен инспекторат Анета Симеска Димоска, на денешната средба разговарале за спроведувањето на одлуката за превентивните мерки.

-Со В.Д. Директорката на Државен пазарен инспекторат м-р Анета Симеска Димоска разговаравмр во врска со измената на Одлуката за превентивни препораки, времени мерки, наменски протоколи, планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од COVID 19.Исто така, од понеделник ќе има засилени контроли,

Како што информира министерот преку неговиот фејсбук профил, од понеделник ќе следат засилени контроли.

-Затоа вакцинирајте се, за да го чуваме здравјето, напиша Бектеши.

Со последните мерки за заштита и превенција од Ковид-19 кои Владата ги донесе се забранува секаков тип на настани и работа на угостителски објекти на затворено од 16 август и задолжителна потврда за вакцинација, најмалку со прва доза, при влез на настан или објект со повеќе од 30 присутни на отворено од 15 август.

Слични содржини