Вакциниран првиот здравствен работник во земјава

од Nikola Popovski

Започна процесот на имунизација против ковид-19 во Македонија. Во 10 часот беше вакциниран првиот здравствен работник во земјава.

На фан-страницата на Фејсбук кај министерот за здравство, Венко Филипче, јавноста има можност да го проследи почетокот на процесот на имунизација во земјава со вакцинирање на првите двајца здравствени работници од Клиниката за инфективни и фебрилни состојби.

Според информациите, денес е предвидено да бидат вакцинирани 280 здравствени работници.

Ќе се користат вакцините донирани од Србија на компанијата „Фајзер“.

Слични содржини