Вакцинирањето на Карлеуша го обиколи светот (ФОТО)

од Nikola Popovski

Фотографијата на Јелена Карлеуша во кабината за вакцинација стана позната на Интернет, но и еден вид на меме, кое ги премина границите на Србија и пошироко. Имено, фотографијата на која популарната пејачка изгледа исплашена од толпата фоторепортери и сниматели кои се натпреваруваа за што подобар када, заврши на централната насловна страница на австрискиот дневен весник „Хеуте“. Дури и Флоријан Бибер имал коментар на фотографијата.

Освен што Карлеуша стигна на насловната страница на странските медиуми откако ја прими првата доза од вакцината Фајзер, на социјалните мрежи, претежно на Твитер, корисниците почнаа масовно да ја споделуваат со интересни коментари.

Пејачката ја сподели насловната страница на споменатиот австриски весник на Инстаграм, додавајќи во описот:

„Фотографијата на годината станува глобално вирална“.

И судејќи според тоа колку пати е споделена на социјалните мрежи, Карлеуша очигледно е во право.

Подолу се само неколку духовити коментари на хит-фотографијата од вакцинирањето на Карлеуша.

 

 

 

Слични содржини