Вакцинирани две третини од пратениците, имунизацијата со Синофарм ќе почне после Велигден

од Nikola Popovski

Во А1 СЦ Борис Трајковски вчера се вакцинираа пратениците, а паралелно тече вакцинација на повозрасната категорија на граѓани над 73 години, соопшти вчера министерот за здравство д-р Венко Филипче, во изјава за медиумите.

Според спикерот Џафери до 16 часот вчера биле вакцинирани две третини од пратениците, но немало информации колку уште примиле вакцина до 18 часот.

„Важно е вакцините да се ефикасни. Не треба да се политизира имунизацијата“, нагласил Џафери, на прашањето дали се согласува што е вакциниран со руската вакцина „Спутник В“.

Министерот за здравство, пак соопшти дека вчера добиле листа од страна на компанијата на Фајзер со која што бил напоменат распоредот на количини кои ќе стигнуваат во мај.

„Секој понеделник од 5 до 7 илјади, или околу 25 илјади во текот на целиот месец очекуваме. Она за што се подготвуваме, и со вакцината на Синофарм која треба да стигне за пет дена на 28 април, а ќе се вакцинираат граѓаните кои се пријавени на сајтот Вакцинација.мк“, рече Филипче, додавајќи дека имунизацијата со кинеските вакцини ќе започне после велигденските празници, на 4-ти мај.

Слични содржини