Вакцинирани се околу 75 проценти од наставниците во училиштата

од Nikola Popovski

Од Министерството за образование и наука информираат дека околу 75 отсто наставници во училиштата се вакцинирани, а настава на далечина следат околу два процента од учениците.

Во нивното соопштение е наведено дека со одлука на Владата училиштата одржуваат онлајн-настава за оние ученици за кои родителите ќе побараат од медицински и од немедицински причини.

Од понеделник треба да почне и најавениот скрининг на околу 8200 ученици во основните и средните училишта со цел да се добие податок дали има трансмисија на вирусот во училиштата. Тестирањето за присуство на ковид-19 со земање брис ќе биде по случаен избор на учениците од регистарот на Е-дневник и со согласност на нивните родители.

Слични содржини