Вакцинирани сте, а немате антитела; Шеклер: Нема причина за загриженост

од Stefanija Kuzmanovska

Српскиот вирусолог и микробиолог Миланко Шеклер повтори дека проверката за нивото на антитела на коронавирус е бесмислена.

„Дали сте слушнале за некој што проверува антитела по вакцина од грип?“, праша Шеклер.

Како што рече, сите вакцини против коронавирус успешно делуваат.

„Имате многу различни тестови, различни производители, и кога ќе се обидете да ги анализирате тие тестови, тоа нема смисла. Тоа е исто како да споредувате различни единици за должина, палец, метар, лакт и тогаш имате различни вредности“, објасни тој .

Шеклер додаде дека и претходно зборувал за вакцината Синофарм.

„Постоеше можност некои луѓе кои примиле вакцина да немаат антитела, но и оние кои немале антитела, практиката покажала дека имаат лесни симптоми во случај на инфекција“, рече Шеклер.

Според него, се произведуваат Т и Б мемориски клетки, при што Т-клетките „го голтаат и убиваат вирусот“, а Б-клетките произведуваат антитела.

„Кога ќе дојдете во контакт со вирусот, тие прво се размножуваат, а потоа произведуваат антитела. Секој што е вакциниран со Синофарм, без оглед на бројот на антитела, треба да знае дека тие си ја вршат својата функција“, заклучи тој.

Слични содржини