Вакцинираните ќе имаат неограничени права за патување: ЕК го одобри нашиот дигитален сертификат

од Берта Китинска

Европската Комисија почнувајќи од денес, нашата земја Република Северна Македонија ја става во заедничката мрежа на Европската Унија за верификување на ЕУ дигитални сертификати, информираше министерот Филипче на Фејсбук.

-Со оваа одлука донесена од страна на Комисијата на ЕУ, нашите граѓани добиваат значајни бенефити при патување. Во процесот на координација на мисијата во Брисел, предводен од страна на Министерството за здравство, значителен придонес даде Секретаријатот за Европски прашања. Ние сме прва земја во регионот чиј сертификат на Ковид 19 ќе се смета еквивалентен на Дигиталниот сертификат на ЕУ. Со ова им овозможуваме на нашите граѓани неограничени права за патување за сите оние кои примиле вакцина против Ковид 19, одобрена од ЕУ, вели Филипче.

Видеото во прилог, објавено од министерот, ги објаснува чекорите по кои граѓаните можат да го креираат „CommonPass“ сертификатот за патување.

Слични содржини