Вакцинираните со „Синофарм“ или „Синовак“ трета доза ќе примаат три месеци по втората

од Берта Китинска

Сите  лица кои примиле прва и втора доза од вакцините на кинеските прозиводители „Синофарм“ или „Синовак“ ќе може да примат трета засилувачка доза по три месеци откако ја примиле втората доза, а не шест како што е за другите типови вакцини, информираа од Комитетот за имунизација.

Третата доза, како што е познато е од производителот „Фајзер/Бионтек“. Комитетот за имунизација, на почетокот на месецов ја прошири препораката и наместо за одредени категории на граѓани – над 60 години, здравствени работници и лица со послаб имунитет за кои беше препорачана, трета или засилувачка доза ќе може да добијат и други лица.

Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 3.475 дози вакцини, од кои 917 се аплицирани како прва доза, 2.509 се ревакцинирани, а 49 граѓани примиле трета доза вакцина.

Слични содржини