Вакцините „Џонсон и Џонсон“ пристигнуваат во ЕУ во април

од Vladimir Zorba

Земјите од Европската унија ќе ги добијат првите количини на вакцина против Ковид-19 на компанијата „Џонсон и Џонсон“ во април, објави денеска еврокомесарот за внатрешен пазар, Тиери Бретон.

Во вториот квартал од оваа година ќе бидат доставени 55 милиони дози од тој препарат, а уште 120 милиони дози ќе бидат доставени од јули до септември, рече Бретон.

Тој изјави дека во Шпанија, каде ја посети фабриката каде што се полнат ампули со вакцина на белгиската фармацевтска компанија „Јансен“, филијала на американската фармацевтска компанија „Џонсон и Џонсон“, пренесе „Бета“.

Вакцината „Џонсон и Џонсон“, која се дава во единечна доза и не бара ревакцинација, е една од четирите вакцини одобрени за употреба во ЕУ.

Бретон изјави дека во земјите од ЕУ, 52 фабрики произведуваат вакцини против корона. Тие ќе произведат две до три милијарди дози оваа година, со што ЕУ ќе стане водечки светски производител на овие препарати. Ова ќе овозможи 70% од населението во ЕУ да се вакцинира до средината на јули.

Слични содржини