„Вакцините против коронавирус исто така нè штитат и од други сериозни болести“

од Nikola Popovski

Американската докторка, специјалист за инфективни болести Моника Ганди, на својот Твитер профил објави табела на која ги презентираше резултатите од истражувањето за ефективноста на различните вакцини против коронавирусот.

Податоците за ефикасноста на шест видови вакцини, вклучувајќи ги Модерна, Фајзер / Бионтек, АстраЗенека, Новавакс, но и вакцините од Џонсон/Џонсон и руската Спутник V, покажуваат дека тие нудат 100% заштита од хоспитализација.

„Добро, ми требаше долго време да ја направам оваа табела, па ве молиме, разгледајте ја колоната 6: Што штити од сериозни болести? Т-клетки! Погледнете ја оваа прекрасна статија: https://ncbi.nlm.nih.gov/pmc/articles/PMC7584424. Ако вирусот остана целосно без заби, вакцинацијата е безбедна“, напишала д-р Ганди.

Имено, таа објаснила дека вакцините против коронавирус го штитат нашиот организам од развој, не само на короната, туку и од други сериозни болести.

Сите нудат 100 процентна заштита освен вакцината Џонсон/Џонсон, која нуди 85 проценти заштита, додека нема податоци за Новавакс.

Слични содржини