Вакцините се на пат, ќе бидат соодветно сертифицирани и безбедни

од Берта Китинска

Македонија наредниот месец ќе добие вакцини против Ковид 19 уверуваат од Светската здравствена организација.

-Ковакс вакцините ќе пристигнат многу скоро. Министерството за здравство работи со Ковакс системот, со ГАВИ  и со УНИЦЕФ да се осигура дека вакцините ќе пристигнат во скоро време, вели Џихан Тавила, шеф на канцеларијата на СЗО во Скопје.

Шефицата на канцеларијата на СЗО во Скопје тврди дека Ковакс механизмот функционира и со првите дози кои ќе пристигнат ќе бидат имунизирани здравствените работници.

Министерот за здравство увери дека сите вакцини што ќе ги донесеме во земјава ќе бидат соодветно сертифицирани и безбедни.

-Сите вакцини што ќе ги донесеме во земјава ќе бидат соодветно сертифицирани и безбедни. Согласно планот за дистрибуција ќе биде направен и планот за апликација. Целиот овој изминат период интензивно комуницираме со компанијата „Фајзер“. Во овој момент таа е единствената компанија што ги има добиено потребните дозволи за итна употреба на нејзината вакцина од двете најзначајни регулаторни тела, а тоа се Американската агенција за лекови (ФДИ) и од Европската агенција за лекови (ЕМА). Веќе се резервирани дозите за нашата земја и очекуваме првите количества да пристигнат во февруари, информираше Филипче.

Слични содржини