Вакцините се силнa заштита, само 0.02% од ревакцинираните се заразиле со коронавирус

од Берта Китинска

Од вкупно 330.320 граѓани со примени две дози вакцини против Ковид-19, 96 биле позитивни на коринавирусот по примена втора доза вакцина. Тоа значи дека само 0,02 отсто се заразиле со Ковид-19 што укажува колку е важно граѓаните да се вакцинираат, соопшти Министерството за здравство.

Од 96-те позитивни, 56 се заразиле во период помал од 21 ден од примената втора доза вакцина. Само 13 од заразените со Ковид биле хоспитализирани. Двајца од нив во моментов се на лекување и се стабилни, иако еден од нив е со тешко хронично заболување.

„Нема ниту еден починат пациент со Ковид, а кој има примено две дози вакцина“, се наведува во соошштението од Министерство за здравство.

ЌЕ ИМА ВАКЦИНАЦИЈА ВО ДОМАШНИ УСЛОВИ

Од понеделник граѓаните кои поради здравствени причини не се во можност да дојдат на вакцинален пункт за да примаат вакцина за Ковид 19, може да закажат вакцинирање во домашни услови. Закажувањето е преку директно јавување во здравствените домови, а истото може да го направат и директно со пријавување на пунктовите за вакцинација.

Слични содржини