Ван Дајк успешно опериран

од Vladimir Zorba

Дефанзивецот на Ливерпул и холандската репрезентација Вирџил ван Дајк беше успешно опериран во петокот, објави клубот.

Ван Дајк се повреди на почетокот на овој месец на дуелот против Евертон кога се судри со голманот на „карамелите“, Џордан Пикфорд. Во тој судир, лигаментите на коленото на Ван Дајк беа оштетени, а операцијата, извршена во Лондон, помина без компликации.

Според Ливерпул, Холанѓанецот сега ќе се фокусира на закрепнување со поддршка и надзор на медицинскиот персонал на клубот.

Ливерпул не одреди краен рок за враќање на Ван Дајк на терените.

loading...

Слични содржини