Ванчева: Гласањето за Законот за ЈО е донесен согласно Деловникот, се повтори поради технички грешки

од Viktor Jovanov

Пратеничката од редовите на СДСМ, Снежана Калевска Ванчева во однос на поништувањето на гласањето на Законот за Јавно обвинителство, и одновото гласање, изјави дека станува збор за ненамерна грешка на претседателот Талат Џафери и електронскиот систем во парламентот. Но, во ниту еден случај не бил прекршен Деловникот на Собранието.

-Расправата беше завршена и веднаш претседателот на Собранието Талат Џафери го стави предлог законот на гласање иако пратеничката Лилјана Поповска беше пријавена за процедурално исто така и пратеникот Ферид Мухиќ. Дел од пратениците очекуваа дека претседателот најпрво ќе даде збор за Мухиќ и Поповска и не беа свесни дека веќе е ставен законот на гласање. Дел пак од пратениците не успеаа да гласаат и не беше евидентирана нивната волја. А двајца пратеници имаа проблем со картичката. Тие што не успеаа да гласаат, веднаш реагираа дека сакаат да гласаат, она што остана да се направи е да се поништи гласањето. Претседателот на Собранието Џафери не го прекрши Деловникот бидејќи во него пишува дека секој пратеник има право да си ја изрази волјата, вели Калевска Ванчева.

Таа додава дека Собранието тие неколку дена работело без престан и дека поради толку денови и ноќи неспани, кај пратениците имало намалена концентрација и нервоза.

-Сепак се работи за човечки фактор. Верувам дека претседателот на Собранието ненамерно ја направил грешката. Сепак тоа не е грешка што би значела кршење на процедурата, вели Калевска Ванчева.

Слични содржини