Ванчева: Не дозволивме да се укинат предметите на СЈО и прислушуваните разговори

од Viktor Jovanov

Најголемиот проблем на ВМРО-ДПМНЕ зошто беше против овој Законот за Јавно обвинителство, дури повеќе против од Уставните измени, затоа што не дозволивме се она што се сработи од СЈО, да пропадне, туку е влезено во системот на ЈО односно сега за сите тие предмети кои се процесиуирани до 30 јуни 2017 и после ќе има судска постапка, изјави пратеничката од СДСМ, Снежана Калевска Ванчева.

-Вие сакавте да помине време да престане важноста на законот за СЈО и да се укинат предметите и прислушуваните разговори, му се обрати Ванчева на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Трајчо Димков.

Ванчева додава дека според Законот за ЈО, судијата од случај до случај ќе оценува дали бомбите ќе бидат прифатени како докази.

-Само судот од случај до случај оценува дали нешто ќе биде употребено како доказ или нема да биде употребено. За сите идни случаи ќе се цени од случај до случај дали „бомбите“ ќе бидат доказ. Во интерес на јавноста е предметите да бидат процесуирани, тогаш може да се користат прислушуваните материјали како доказ, вели Ванчева.

Слични содржини