Ванчева: Осумтемина пратеници на ВМРО-ДПМНЕ плачеја поради заканите и уцените од нивната партија

од Viktor Jovanov

Осумтемина пратеници од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ плачеја. Плачеја луѓето поради притисокот и заканите кои им ги правеа од ВМРО-ДПМНЕ како за Уставните промени така и за Законот за Јавното обвинителство, изјави пратеничката од редовите на СДСМ, Снежана Калевска Ванчева.

-Притисоците кои ги правите кон нив и нивните семејства се невидени. Затоа плачеа осумтемината пратеници од независнат апратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ. За уставните измени дозволивте лично да ги прозивате. Застанавте пред нив како жив ѕид, рече Ванчева.

Таа додава дека ВМРО-ДПМНЕ не успеале да се надминат себе си и да признаат пораз па, како што вели Ванчева, продолжуваат со закани и уцени.

-ВМРО-ДПМНЕ не успеаа да се надминат себе си. Се обидоа до крај да направат се, вкучувајќи притисоци, уцени, да не гласаат осумтемина пратеници за законот, затоа што не можат да признаат пораз.Не постапуваат чесно. Кога настапуваш чесно, искрено и кога го нудиш тоа на увид на целата јавност, многу е лесно да се убедат луѓето, вели Ванчева.

Слични содржини