Вандалски уништена фонтаната „Печурка“ во Ново Лисиче

од Берта Китинска

Вандалски е уништена фонтаната „Печурка“ што се наоѓа во населбата Ново Лисиче, а која деновиве е во фаза на реконструкција, соопшти општина Аеродром.

Непознати сторители ги искршиле новозалепените мозаични плочки на фонтаната и нанеле штета во висина од 33.000 денари, а случајот веднаш е пријавен в полиција.

Од општината  го осудуваат вандалскиот чин и апелираат до граѓаните да не ги оштетуваат јавните површини.

„Општина Аеродром деновиве ги подготвува фонтаните низ парковите за нивно пуштање во функција. Се отстрануваат оштетените плочки и други дотраени делови од фонтаните и се заменуваат со нови, а се поставува и нова хидроизолација“, информираат од општина Аеродром.

Слични содржини