Ванеса Брајант објави нова слика: Ми недостигаш премногу… (фото)

од Nikola Popovski

Сопругата на Коби Брајант, Ванеса, уште еднаш упати порака на Инстаграм со која расплака многумина.

Пред десетина дена веста за смртта на прославениот кошаркар Коби Брајант ја потресе светската јавност. Легендарниот играч загина во хеликоптерска несреќа во Калифорнија, а во неа животот го загубија и 13-годишната ќерка Џина и уште седум лица.

На последната фотографија од Коби таа напиша: „Мојот најдобар пријател, најдобар татко на светот. Ми недостасуваш многу. Ми недостига утрото кога ќе ми кажеш „Бонџорно принчипеса“ –напиша Ванеса Брајант.

https://www.instagram.com/p/B8MUpLKjwhT/

Слични содржини