ВАР од септември во европските квалификации за СП 2022 година

од Stefanija Kuzmanovska

Европската фудбалска централа (УЕФА) објави дека технологијата за помош на судијата (ВАР) ќе се користи на преостанатите натпревари од европските квалификации за Светското првенство 2022 година во Катар.

По јулската одлука на Извршниот одбор на УЕФА, ВАР системот ќе започне да се користи од четвртото коло од квалификациите, вклучувајќи ги сите преостанати натпревари што ќе се одиграат од септември оваа година.

Првичните планови за започнување со користење на ВАР се одложени поради логистички проблеми и ризици поврзани со пандемијата на коронавирус.

Имплементацијата на ВАР, организирана од УЕФА, ќе се спроведе на лице место, односно стадионот на тимот домаќин, со употреба на специјални комбиња обезбедени од давателите на услуги на УЕФА ВАР системот.

Слични содржини