Вардар е повторно првак на Македонија

од Vladimir Zorba

Ракометарите на Вардар ја одбранија титулата во македонското првенство на едно коло до крајот на плејофот, откако со 38:25 го совладаа Пролет. За „црвено-црните“ ова е четврта титула во низа или вкупно 12-тата титула првак на Македонија.

Сезонава Вардар рутински стигна до титулата во домашното првенство, без при тоа да има сериозна конкуренција.

За разлика од пред неколку години, кога натпреварите со Металург го одлучуваа шампионот.

Вардар претстојниот викенд го очекува одбрана на трофејот во Купот на Македонија, на завршниот турнир што ќе се одржи во Битола.

А веќе на 26 и 27 мај во Келн се игра „фајнал фор“ турнирот во Лигата на шампионите, каде македонскиот клуб е бранител на европската титула и во полуфиналето ќе се соочи со Монпелје./МИА

Слични содржини