Вардар ги доби противниците во Лигата на шампионите

од Nikola Popovski

Ракометарите на Вардар предмалку ги добија противниците во групната фаза од Лигата на шампионите.

„Црвено-црните“ се во група со ПСЖ (Франција), Пик Сегед (Унгарија), Порто (Португалија), Киелце (Полска), Брест Мешков (Белорусија), Фленсбург (Германија) и Елверум (Норвешка).

Групната фаза започнува на 16/17 септември, додека ќе заврши на 3/4 март.

Група А: Вардар, ПСЖ, Киелце, Порто, Пик Сегед, Мешков Брест, Елверум, Фленсбург.

Група Б: Барселона, Веспрем, Кил, Алборг, Нант, Мотор, Целје, Загреб.

Слични содржини