Вардар изгуби од Кил

од desk2

По првото полувреме во кое актуелниот европски првак Вардар губеше од германски Кил со 4-16, не ни можеше да биде поинаку во денешниот дуел од ракометната Лига на шампионите во Скопје, кој гостите го добија со 31-20.

Најавувано како големо дерби и шанса за Вардар да му се одмазди на Кил за поразот во Суперглоуб, дуелот помеѓу европскиот шампион и бундеслигашот донесе неверојатен ракомет, но за жал за гостите, кои одиграа неверојатно прво полувреме, за на крајот да не дозволат кам-бек на „црвено-црните“ и да победат убедливо.

До 20-тата минута беше неверојатни 11-1 за германскиот клуб. По стартот на второто полувреме, Вардар почна да игра многу подобро, но беше доцна, и иако вардарци се доближија на пет гола разлика, на крајот Кил замина од Скопје со важна победа.

Слични содржини