Вардар нема сили за повеќе: Веспрем немилосрден во Скопје

од Nikola Popovski

Ракометарите на Вардар загубија со 27:41 од Веспрем во првиот осминафинален натпревар во Лигата на шампионите и веќе мислите слободно може да ги насочува кон домашните натпреварувања.

Немоќта на „вардарци“ беше очигледна буквално од самиот почеток на мечот, во првите два напади тие не го „видоа“ голот на Коралес, а потоа се мачеа иако во две ситуации имаа „шест на четири“ на теренот, по двојните исклучувања за ракометарите на Веспрем. Во меѓувреме Унгарците не само што импресионираа со цврста одбрана, туку и со леснотијата во нападот со која ги решаваа сите проблеми на теренот. Нивната предност од минута во минута се зголемуваше, Алушовски зеде тајмаут при 4-8, потоа уште еден на 7-14, се обиде и со „седум на шест“, но немоќта на тренерот на Вардар беше еднаква на онаа на неговите избраници на теренот. Во една таква ситуација Веспрем уште пред крајот на полувремето стигна до првата двоцифрена предност (9-19), за унгарскиот гигант на одмор да замине со „плус десет“ (11-21).

Во вториот дел Веспрем не само што ја одржуваше позитивата, туку и ја зголемуваше, на крајот мечот заврши со 41-27. Тоа е најголем број на примени голови за нашиот тим во дуелите со Веспрем.

Кај Варадар повторно најдобар беше Иван Чупиќ со 8 гола, 4 имаше Ловро Јотиќ, по три имаа Ловро Јотиќ, Патрик Вачлак и Столе Стоилов.

Во гостинскиот тим блескаше голманот Коралес кој запиша 14 интервенции, Маргуч постигна осум гола, Омар Фати седум, Манасков кој играше само во второто полувреме даде четири.

Реваншот кој ќе се игра наредната седмица ќе претставува чиста формалност.

Слични содржини