Вардар реди порази: Пик Сегед го освои Скопје

од Nikola Popovski

Пик Сегед го доби и вториот меч против Вардар во своја корист за само седум дена. Дуото Бомбач-Банхиди беше незапирливо и во Скопје, покрај најефикасниот Шостариќ, па избраниците на Хуан Карлос Пастор го одзедоа целиот плен од „Јане Сандански“ – 30:27 (16:9).

Избраниците на Веселин Вујовиќ во првото полувреме имаа проблеми во нападот, додека во продолжението тоа дојде на свое место, но, за жал, гостите не дозволија да дојде до пресврт.

Ова е петти пораз за Вардар во низа во Лигата на шампионите.

Најефикасни во домашниот тим беа Гаџа и Дибиров со по пет гола, додека седум пати прецизен во победничкиот тим беше Марио Шоштариќ.

Вардар 1961 – Сегед 27-30 (9-16)

Вардар 1961: Анте Гаџа 5, Тимур Дибиров 5, Филип Талески 4, Гај Њокас 3, Аликс Њокас 2, Јан Чувара 2, Гоце Георгиевски 2, Џереми Тото 2, Стојанче Стоилов 1, Бакари Диало 1.

Сегед: Марио Шостариќ 7, Ричард Бодо 5, Дин Бомбач 5, Бенс Банхиди 4, Иманол Гарсијандија 4, Кент Тонесен 3, Себастијан Фримел 2.

Слични содржини