Вардар се пласираше во четвртфиналето на СЕХА лигата

од Vladimir Zorba

Ракометарите на Вардар 1961 ја совладаа попладнево Металопластика со 26:23 (14:11) и со две победи над екипата од Шабац обезбедија пласман во четвртфиналето од овогодишното издание на регионалната СЕХА лига.

По вчерашниот триумф над истиот противник од 39:31, македонскиот шампион рутински го заокружи двомечот во Скопје и за пласман меѓу четирите најдобри екипи во СЕХА лигата за противник ќе го има хрватскиот првак ППД Загреб.

Вториот македонски претставник во СЕХА лигата, Еурофарм Пелистер, во четвртфиналето за противник го има белорускиот шампион Мешков Брест.

Домаќин на фајнлфорот сезонава во регионалната ракометна лига, во која Вардар 1961 пет пати досега го освојуваше трофејот, ќе биде хрватскиот град Задар, од 3 до 5 септември.

Слични содржини