Вардар со пресврт ја доби Војводина

од Aleksandar Petrovski

Ракометарите на Вардар со многу мака славеа на гостувањето кај Војводина со 35-33 во рамките на СЕХА лигата.

Без Стоилов, Криштопанс, Дисингер, Горбок и без Шишкарев, црвено-црните се мачеа во првиот дел и константно бркаа негатива која на полувреме изнесуваше четири гола (20-16 за Војводина).

Во вториот дел црвено-црните направија пресврт, профункционира одбраната и голманите и со серија од 4-0 прво изедначија на 24-24, а потоа го презедоа водството кое го задржаа до крајот на мечот.

Одличен натпревар одиграа Дибиров и Атман, кои постигнаа 11, односно 10 гола.

На две кола до крај на регуларниот дел, „црвено-црните“ си обезбедија место во Топ-8 фазата.

Следниот натпревар Вардар го игра идниот понеделник против Татран Прешов во „Јане Сандански“.

Слични содржини