Вардар во обид да ја оствари првата победа во Полска против Кјелце

од Aleksandar Petrovski

Европскиот ракометен шампион, Вардар вечерва гостува кај полски Кјелце во рамки од осмото коло на Лигата на шампионите.

Дуелот ќе биде петта шанса за „црвено-црните“ да ја остварат првата победа над Кјелце на нивни терен. Натпреварот е прогласен од ЕХФ „меч на неделата“.

Тренерот Кокшаров има проблеми со повредени, откако кај Вардар ќе недостига Даинис Кристопанс. Кристијан Дисингер и Павел Атман се најдоа во составот на вардарци, но нејасно е колку ќе играат.

Во домашниот тим ќе го нема Јахлевски.

Вардар на гостински терен сезонава има две победи во ЛШ, во Монпеље и во Запорожје, додека единствено „падна“ во Веспрем.

Натпреварот започнува во 18:00 часот, а се игра во салата „Легионово“.

Слични содржини