Варени домашни кифли

од Elena Daskalova

Мирисот на топли кифли е најубавиот спомен од детството. Со овој рецепт пак ќе се вратите во тие убави детски години

СОСТОЈКИ
– 600 г брашно
– 200 мл млако млеко
– 200 мл топла вода
– 3 лажици сув квасец
-2 лажици масло
– 1 лажичка шеќер
– 2 лажички сол
– 70 г путер или маргарин

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА
Во еден сад ставате го брашното и додајте ги стасаниот квасец со шеќерот и млекото. Додајте сол, топениот путер и 2 лажици масло и топлата вода. Замесете го тестото и покриено оставете го да сатои 15 минути. Премесете го со малку брашно и пак оставдете го да стои 15-20 минути, додека се дуплир смесата. Готовото тесто поделете го на 12 дела, секое обликувајте го во топка. Нека стојат 5 минути. Секоја топка расукајте ја што потенко и завиткајте ја во ролат. Покријте ги да стојат. Во сад ставете едден литар вода и 1 лажичка шеќер, па чекајте да провријат. Ставајте ги кифлите една по една на 10 секунди. Потоа редете ги во плех обложен со хартија за печење. Печете ги на рерна загреана на 200 степени околу 20 минути. Готовите кифли премачкајте ги со малку масло и посипете ги со шеќер во прав.

Слични содржини