Вархеји: Грузија има добри шанси да стане членка на ЕУ

од Nikola Popovski

Европската унија е подготвена да и помогне на Грузија да добие статус на земја кандидат за членство во ЕУ, изјави европскиот комесар за проширување Оливер Вархеји.

На прес-конференција со грузискиот премиер Иракли Гарибашвили, Вархеји истакнал дека Грузија има добри шанси да се приклучи на ЕУ, но дека мора да обезбеди национален консензус меѓу сите политички партии за сите 12 препораки на ЕУ за да добие статус на земја кандидат.

Тој потсетил дека политичките партии во Унгарија, неговата родна земја, како и во Хрватска, имале крајно поларизирани ставови, а сепак успеале да постигнат национален консензус кога тоа бил решавачкиот момент за влез во ЕУ.

Комесарот за проширување рече и дека очекува да се постигне консензус меѓу партиите во Грузија и дека ќе се врати во Брисел со добри вести.

Гарибашвили рече дека владејачката партија и владата постојано работат на спроведување на нивните обврски кон Европската комисија, додека мнозинството од опозицијата го саботира овој процес.

„Првата од дванаесетте препораки на Европската комисија повикува на политичка деполаризација, но тоа не може да се направи без вклученост на опозицијата. Мислам дека нашата опозиција се обидува да ја спречи Грузија да добие статус на земја кандидат за Европската унија“, рече Гарибашвили.

Посетата на Вархеји на Грузија започна во вторник и треба да трае два дена.

Слични содржини