Вархеји: Интеграцијата на Западен Балкан е меѓу главните приоритети на ЕУ

од Radmila Tasevska

Европскиот комесар за проширување Оливер Вархеји денес изјави дека главен приоритет на таа канцеларија е интеграцијата на земјите од Западен Балкан во Европската унија и дека е неопходно враќање на суштинските принципи на проширувањето на ЕУ.

Говорејќи на конференцијата во Трст насловена „Италија и Западен Балкан: раст и интеграција“, Вархеји нагласи дека Трст не е само „портата кон Западен Балкан, туку и портата кон Централна Европа, што само покажува колку можеме да направиме заедно.“ и што е можно поскоро да го интегрира Западен Балкан во ЕУ“.

Тој оцени дека „потребно е поголем број на Трст на Балканот“ и поголемо присуство на Италија, бидејќи, во светлината на рускиот напад врз Украина, интеграцијата на Западен Балкан е меѓу трите најважни приоритети на ЕУ, а тој рече, „не само ЕУ како институција, туку и на сите нејзини водачи“.

Слични содржини