Вархеји му нуди на Западен Балкан членство во ЕУ

од Stefanija Kuzmanovska

Европскиот комесар за соседство и проширување на Европската унија, Оливер Вархеји, денеска во Тирана изјави дека на земјите од Западен Балкан им се нуди членство во ЕУ.

Тоа е причината поради која во Тирана се одржува самитот ЕУ-Западен Балкан, рече Вархеји, одговарајќи на прашањето што денеска ќе им се понуди на земјите од Западен Балкан.

Неизвесно е дали Србија ќе ја потпише заедничката декларација од Самитот на ЕУ – Западен Балкан, бидејќи со неа државите се обврзуваат да воведат санкции против Русија, јавува репортерот на „Данас“ од Тирана, каде што се одржува Самитот денеска.

Српскиот претседател Александар Вучиќ се огласи само на пленарната седница и потпишувањето на договорот за роаминг.

Тирана денеска ќе биде место за средба на лидерите на ЕУ и лидерите на Западен Балкан, а ова е првпат овој Самит да се одржи во земјите од регионот, со оглед на тоа што претходниот се одржа на 23 јуни во Берлин.

Слични содржини