Вархеји: Вратата е отворена за средба со македонските Бугари

од Nikola Popovski

„Не сум запознаен. Да бидам искрен, ова е нешто ново што ми го кажавте, така да прво ќе морам да проверам“. Ова го изјавил еврокомесарот за проширување и добрососедска политика, Оливер Вархеји, на прашањето дали знае за измените во Законот за политички партии, здруженија и фондации во Македонија, со кој ќе се доуредат условите врз основа на кои ќе може да се изврши регистрација.

Еврокомесарот во интервју за „Bg on air“ истакнал дека се уште не се сретнал со членови на бугарската заедница во Македонија, но ветил дека тоа ќе го стори доколку биде побарано од него.

„Се разбира, вратата е секогаш отворена за секоја заинтересирана страна од која било земја кандидат“, рекол Вархеји.

По повод последните напади врз бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“, Вархеји изјавил:

„Мислам дека е многу јасно дека секој напад врз која било заедница во Северна Македонија треба да биде истражен од полицијата и владата. Се надевам дека владата ќе го направи истото како и во претходниот случај и ќе се најдат сторителите“.

На прашањето дали земјава може да го започне преговарачкиот процес доколку не ги направи уставните измени и не ги вклучи Бугарите во Уставот, Вархеји одговорил:

„Правилата се многу јасни за секого. Првата меѓувладина конференција, која не е политичка меѓувладина конференција, е обврзана со измените на Уставот. Ова е во рамката на пристапните преговори и мислам дека на сите политички актери во Северна Македонија им е јасно дека тоа ќе треба да се исполни доколку сакаат да постигнат напредок. Верувам дека владата работи да го добие тоа уставно мнозинство“.

Слични содржини